Како во Скопје, така и во Белград, Солун, Љубљана, Софија: Голем успех за FitKit, македонската апликација за фитнес и благосостојба стана глобална
Македонската апликација FitKit е единствена платформа што обединува широк спектар на активности за здравје и благосостојба, а најзначајната новина е нејзината глобализација: услугите и можностите што досега беа достапни локално, ќе може да се користат и во други земји.
Македонската апликација FitKit направи значаен исчекор и официјално стана глобална платформа за секојдневна грижа за здравјето и благосостојбата. Отсега, одењето на пат не мора да значи и пауза од рутината, физичката активност од Скопје може да продолжи и во Солун, Белград, Љубљана…
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Што всушност е FitKit?
Апликацијата започна како локално решение за фитнес и велнес услуги, а денес нуди значително широк спектар на можности и сè е обединето во една апликација, со еден кориснички профил и еден систем на користење. Корисниците на FitKit можат буквално да вежбаат повеќе работи истовремено, да посетат спа или козметички третман, да најдат активности за деца, па дури и да закажат онлајн разговор со психолог.
Освен достапноста за индивидуалци, платформата се користи и во над 150 компании низ Македонија, каде главна цел на FitKit е да помогне во мотивацијата вработените да останат физички активни и ментално здрави. Достапни се и специјални можности за партнери.
Само во Македонија, FitKit нуди над 1600 активности во Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Охрид, Прилеп, Битола, Гевгелија, Штип, Струмица, Гостивар, Струга, Кочани, Виница, Маврово и Кавадарци.
Што значи глобализацијата на FitKit и каде се може да се користи?
Глобализацијата на FitKit претставува инспиративен пример на македонска дигитална платформа што успешно излегува на меѓународниот пазар, отворајќи нови можности и за корисниците и за локалните партнери, но и поставувајќи нови стандарди за тоа како изгледа модерната грижа за здравјето – флексибилна, достапна и без граници.
Со најновата надградба, FitKit функционира во пет земји и нуди пристап до над 3.750 различни активности, вклучувајќи фитнес, спа, убавина, активности за деца и ментално здравје. Во Србија, моментално се достапни 387 активности во Белград, Нови Сад, Панчево, Суботица, Ниш и Златибор. Во Словенија има рекордни 827 активности во Љубљана, Марибор, Копер, Крањ, Ново Место, Домжале, Радовљица, Литија, Медводе, Водице, Помарје при Јелшах, Гросупље, Равне на Корошкем и Церкље на Горењском. Во Бугарија се достапни 550 активности во Софија, Пловдив, Бургас, Стара Загора, Свети Влас, Банско и Бања. Во Грција се достапни 380 активности во Атина, Солун, Хераклион, Керкира, Волос, Јанина, Серес, Халкида, Трикала, Капандрити и Верија.
Како функционира FitKit дома и во странство?
Корисничкото искуство е прилично едноставно, откако се спушта апликацијата, се одбира модел и начин на плаќање, по што се бира посакуваната активност. Околу моделите за наплата, FitKit функционира со две флексибилни опции: FitKit кредити, кои се „валута“ со која се вреднуваат услугите во апликацијата, и FitKit претплата, која овозможува месечен пристап до активности според избраниот пакет (S, M, L и XL).
Сите стари и нови корисници сега можат да ги користат истите FitKit кредити или претплата во сите поддржани земји, без потреба од нов профил за секоја држава. Тоа значи дека доколку имате активна претплата или кредити, тие важат непрекинато без оглед на тоа дали сте во Македонија или во Србија, Словенија, Бугарија и Грција, без никакви дополнителни такси или посебни договори.
Апликацијата автоматски ги прикажува најблиските активности според вашата локација, но секогаш можете рачно да ја смените земјата и градот преку филтрите. Ова особено ќе им користи на оние што често патуваат без да прават пауза од своите здравствени навики кога се надвор од државата, како и значителното олеснување на целиот процес и кратење време за потрага по соодветни места за фит-активности.
Сите информации за активности, резервирање и контакт со партнерите се достапни директно во апликацијата, со ажурирано работно време и детали за секоја локација. Онлајн услуги, како што се психолошки сесии или тренинзи, можат да се користат од било каде, доколку се означени како онлајн. Најчесто поставуваните прашања, како и дополнителни информации за начинот на работа и глобализацијата на FitKit се детално објаснети на нивниот блог.
Со оваа паметна експанзија, FitKit не само што ја зацврстува својата позиција како водечка велнес-платформа во регионот, туку испраќа и силна порака дека македонски дигитален производ може успешно да се натпреварува на меѓународната сцена. Апликацијата претставува пример за тоа како технологијата може да ја поедностави грижата за здравјето и да им даде на луѓето слобода сами да избираат кога, каде и како ќе се посветат на себе.
Бидете во тек со сите новости за FitKit:
Веб портал – https://fitkit.app/
Веб блог – https://fitkit.app/blog/
Инстаграм – https://www.instagram.com/fitkitmk/
Фејсбук – https://www.facebook.com/fitkitmk
LinkedIn – https://www.linkedin.com/company/fitkitapp
ТикТок – tiktok.com/@fitkitapp
Апликација (Apple) – https://apps.apple.com/mk/app/fitkit-mk/id1237334836
Апликација (Google Play store) – https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.fitkit.app&hl=en&pli=
Поддршка и инфо е-маил – [email protected]


