Филмска приказна за ММА шампионот: Го малтретираа на училиште, а сега тој им се смее на Фејсбук

Тешкото детство и бруталното малтретирање на училиште го натераа Израел Адесања да почне да вежба боречки вештини.

Израел Адесања утринава ги водушеви ММА фановите со нокаутот над Пауло Коста и одбраната на титулата во средна категорија во УФЦ шампионатот.

ММА спектакл во Абу Даби, Адесања го нокаутира Коста (ВИДЕО)

Во октагонот, Адесања делува самоуверено, не покажува ни тронка страв иако се бори против опасни борци. Најголеми заслуги за тој став на Нигериецот кој живее на Нов Зеланд има тешкото детство.

View this post on Instagram

Mounted by a white beltch 😂 #Oss

A post shared by Israel Adesanya (@stylebender) on

Адесања е 31-годишен ММА борец кој е роден во Лагос, но израсна на Нов Зеланд каде малтретирањето на училиште го наведе да почне да вежба боречки вештини.

Семејството Адесања емигрира на Нов Зеланд кога Израел имаше 10 години и тие се наделија во градот Роторуа кој е познат по својата маорска култура.

View this post on Instagram

What EA curse?… #andstill #UFC253

A post shared by Israel Adesanya (@stylebender) on

Тој веднаш стана мета на локалните соученици кои речиси секојдневно го малтретираа на училиште. За да се одбрани од нив, Адесања спасот го најде во боречките вештини, тој почна да вежба кик-бокс каде беше и аматерски светски вицешампион, а во последните неколку години е дел од најбрзорастечкиот спорт на светот, ММА.

Израел Адесања е непоразен во ММА светот, има 20 победи во професионалната кариера, а последните две години е УФЦ шампион во средна категорија.

Иако се наоѓа на врвот, Адесања не го заборава тешкото минато како и учениците кои го малтретираа. Тој открива дека се уште ги има за пријатели на Фејсбук само за да го гледаат како тој сјае, како е на врвот.

Се уште ги имам за пријатели на Фејсбук. Ме гледаат каде сум сега. Во мојата глава кога ќе ги погледнам сите тие кои ме малтретираа се поголеми од мене, но кога ќе се вратам на Роторуа постојано си велам „Од тебе ли сум се плашел“ – искрен е УФЦ шампионот.

Но, освен што е успешен на спортски план, тој реди успеси и на сите други полиња, Израел Адесања е еден од најпопуларните спортисти на Нов Зеланд, а веќе стана милионер. Последните четири борби му донесоа заработка од два милиони долари.

Прочитајте и...  Заврши ракометниот карантин - продолжува Супер-лигата

Поврзани вести

ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичното лево крило на Металург во Топ 5 голови на Лига Европа!

Слободен печат

Модриќ: Не го потценивме Шахтјор, одигравме добро, но не беше доволно!

Слободен печат

ВИДЕО: „Рударите“ го шокираа Реал, Шахтјор славеше без девет првотимци!

Слободен печат

Трка со времето: Дали Роналдо ќе игра против Меси?

Слободен печат

Нови случаи на коронавирус во ракометниот клуб Пролет

Слободен печат

Остави Коментар