ММА спектакл во Абу Даби, Адесања го нокаутира Коста (ВИДЕО)

Израел Адесања ја одбрани титулата на УФЦ шампион во средна категорија откако во втората рунда го нокаутира Пауло Коста.

На УФЦ 253 приредбата која се одржа на островот Јас во Абу Даби, главна борба на вечерта беше таа помеѓу двајцата непоразени борци во средна категорија.

За прв пат по 11 години, во октагонот се сретнаа двајца непоразени борци, шампионот Адесања кој имаше 19 победи во низа и предизвикувачот Коста чиј скор беше 13 победи во 13 борби. На крајот како победник излезе шампионот Адесања кој ја заврши работата уште во втората рунда, а дотогаш доминираше во октагонот.

Уште на стартот Адесања го нападна својот противник со ножни удари во левата нога на својот противник со што го отежна движењето на противникот. Борбата заврши во втората рунда кога Коста се обиде да нападне, но Адесања возврати со свој удар и го испрати предизвикувачот во нокдаун и со серија удари ја заврши борбата.


Во втората борба за титулата, во полутешка категорија нов шампион е Полјакот Јан Блахович кој исто така ја заврши работата во втората рунда. Во борбата за шампионскиот појас откако шампионот Џон Џонс се пресели во тешка категорија, Блахович го нокаутира Доминик Рејес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот