Познато е кога почнува и колку тимови ќе брои НБА Европа
Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека очекува НБА Европа да започне од сезоната 2027/2028, објави ESPN.
Препорачано
„Многу сме блиску до планот што го зацртавме. Oчекуваме НБА Европа да започне во сезоната 2027/2028. На вистинскиот пат сме. Конечните понуди од заинтересираните франшизи треба да ни бидат доставени кон крајот на јуни. Видовме рекорден интерес и сме многу возбудени поради можноста за соработка со ФИБА“, рече Силвер на прес-конференција во Сан Антонио.
Американските медиуми објавуваат дека НБА Европа треба да има 16 клуба.
„Планираме лига со 16 екипи. Ќе има 12 постојани франшизи, а за останатите четири позиции ќе можат да конкурираат клубови од цела Европа. Во разговори сме со постоечки европски клубови, но и со инвеститорски групи кои сакаат да формираат нови тимови во градови каде кошарката има потенцијал за дополнителен развој“, додаде Силвер.
Силвер зборуваше и за проширувањето на НБА во Соединетите Американски Држави.
„Плановите за проширување на НБА лигата се во тек, а конечната одлука ќе биде донесена до крајот на оваа година. Мислам дека сите знаат дека сме фокусирани на франшизи во Сиетл и Лас Вегас. Постојат неколку групи кои се заинтересирани за двата града. Разговорите со нив се во тек. Им кажавме на заинтересираните страни дека очекуваме нашиот Одбор на директори да донесе конечна одлука до крајот на годината “, рече Силвер.
Американските медиуми објавија дека нови франшизи во САД би можеле да се приклучат на НБА од сезоната 2028/2029.
Мотиејунас: Слушнавме дека НБА Европа ќе биде одлична, но ние сме тука 26 години


