Тарантино брутален за Холивуд: „Безвкусна фабрика за колбаси, каде глупави работи го уништуваат секој нов филм“
Е.А.
Пред
Славниот режисер Квентин Тарантино воопшто не е обожавател на најголемиот дел од филмските остварувања кои Холивуд ги продуцира во последно време. Пишувајќи за престижното списание „Sight & Sound“, оскаровецот откри дека денес му е „речиси невозможно“ да изгледа некој нов филм, а притоа веднаш да не почне детално да му ги наоѓа маните.
„Мани, неверни сцени, додворување на публиката, погрешно избрани актери или едноставно чисти глупости обично го потопуваат секој нов филм што излегува од оваа безвкусна фабрика за колбаси, која некогаш се нарекуваше Холивуд. Денес, самиот концепт за тоа што претставува еден филм кај мене повеќе предизвикува презир отколку дарежливост. И тоа е сосема фер, бидејќи за споредба, филмовите од последните шест години прават филмските 80-ти години да изгледаат како златните 30-ти“, пишува режисерот, пренесува „Верајети“.
Тарантино додава дека во последно време имало филмови кои му се допаднале – како „West Side Story“ (2021) и двата дела на „Horizon: An American Saga“ (2024), но ниту еден од нив не успеал вистински да го освои и да го „однесе во онаа волшебна земја на уживањето“ поради која ја засакал филмската уметност повеќе од која било друга.
„Деновиве, наместо да гледам филм, претпочитам да читам книга“, признава тој.
Сепак, постои едно остварување кое неодамна успеа целосно да го привлече неговото внимание. Станува збор за криминалната драма на Нетфликс, „The Rip“, која излезе во јануари годинава. Филмот е во режија на Џо Карнахан, а главните улоги ги толкуваат холивудските ѕвезди Бен Афлек и Мет Дејмон. Приказната следи двајца полицајци во Мајами кои откриваат корупција во сопствените редови поврзана со 20 милиони долари од картел. Во филмот исто така играат и Стивен Јун, Тејана Тејлор, Саша Кале и Кајл Чендлер.
„Се појави еден нов напнат филм кој навистина ме воодушеви и ме држеше во неизвесност до самиот крај. Станува збор за возбудлив полициски трилер со оригинална премиса кој успева да го испорача она што го ветува на навистина паметен начин. Целиот пакет ми се допадна, режијата на Карнахан, извонредната актерска екипа, изгледот на филмот … Но, вистинската движечка сила на ова одлично остварување е сензационалното сценарио напишано од Карнахан и Мајкл Мекгрејл“, пишува Тарантино за овој филм.
Тарантино во моментов работи на театарска претстава насловена „The Popinjay Cavalier“, чија светска премиера е закажана за 2027 година на лондонскиот Вест Енд. Сценариото е опишано како комедија сместена во Европа во 1930-тите години.
Што се однесува до неговата филмска кариера, режисерот сè уште нема официјално најавено кој проект ќе биде неговиот 10-ти и последен долгометражен филм пред да замине во најавената филмска пензија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Француско-иранската авторка и режисерка Марџан Сатрапи почина „од тага“, една година по смртта на сопругот 2 Димитриевски: Уживам да ги бранам боите на Валенсија, ова е еден од најголемите клубови во Шпанија 3 …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Француско-иранската авторка и режисерка Марџан Сатрапи почина „од тага“, една година по смртта на сопругот 2 Димитриевски: Уживам да ги бранам боите на Валенсија, ова е еден од најголемите клубови во Шпанија 3 …