Илија Абутовиќ Фото: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Абутовиќ: Те сакам Македонијо, засекогаш ќе бидеш во моето срце

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ по две поминати сезони во Еурофарм Пелистер си замина од Битола и кариерата ќе ја продолжи во српскиот шампион, екипата на Партизан каде ќе соработува со Раул Гонзалез.

Абутовиќ со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од Битола и Македонија, истакнувајќи дека нашата земја засекогаш ќе му биде во срце.

„Благодарам Пелистер и Битола на овие две години. Благодарам за новите искуства, новите познанства и најмногу за новите пријателства. Честитки за Вардар за освоената титула, честитки за Охрид за истирискиот европски трофеј. Те сакам Македонијо. И ти благодарам за сите години што ги поминав тука и за сите работи шти го доживеав како спортист и како човек. Засекогаш ќе бидеш во моето срце“ напиша Абутовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот