Во Русија толку многу фалат работници, што и деца од 12 години можеби ќе работат
Предлогот го изнесе комесарката за правата на децата во Москва, Олга Јарославскаја, која смета дека младите треба да имаат можност да работат за време на летниот распуст, тврдејќи дека речиси сите деца сакаат да работат во лето.
Русија размислува да ја намали старосната граница за работа на 12 години поради недостигот од работна сила предизвикан од војната во Украина, објави „Телеграф“.
Препорачано
Предлогот го изнесе комесарката за правата на децата во Москва, Олга Јарославскаја, која смета дека младите треба да имаат можност да работат за време на летниот распуст, тврдејќи дека речиси сите деца сакаат да работат во лето.
Јарославскаја оцени дека враќањето на детски работни кампови, кои постоеја за време на Советскиот сојуз, би им обезбедиле организирани активности на тинејџерите, особено на оние чии родители не можат да си дозволат да им овозможат летен одмор.
„Мислам дека враќањето на работните кампови е реално сценарио кое нашите деца ќе го поддржат,“ изјави таа.
Според сегашните руски закони, децата можат да работат од 14-годишна возраст со писмена согласност од родителите, а од 15 години можат самостојно да потпишат договор за работа.
„Кога разговараме со тинејџери на возраст од 12 години и повеќе, речиси сите сакаат да работат во текот на летото“, додаде Јарославскаја.
Таа смета дека на децата треба да им се дозволи сезонска работа за да заработат малку пари и нагласи дека треба да се изменат федералните закони за труд.
Како пример го наведе сопственото искуство кога била дете.
„Во седмо одделение нè носеа да плевиме домати на 40 степени во бараки среде полињата, па преживеавме“, рече таа.
Демографската криза е резултат на рекордно нискиот наталитет, иселувањето на стотици илјади млади и образовани луѓе по почетокот на целосната инвазија врз Украина, како и високите загуби на фронтот.
Покрај можната летна работа, руските ученици ќе добијат и задолжителна литература со патриотска и воена тематика.
Министерството за образование оваа недела ја објави листата за летно читање, во која се вклучени книги што ја величаат војната и руските војници во Украина.


