Руски деца вежбаат стрелање во фотографии од Бајден, Зеленски и Столтенберг / Фото Твитер

Русите користат деца како бомбаши самоубијци во Украина

Списанието „Њу лајнс“, американски истражувачки медиум познат по својот аналитички пристап кон темите за безбедност и надворешна политика, објави опсежна истрага во која се наведува дека руските разузнавачки служби се повеќе ги користат децата и ранливите групи како несвесни бомбаши самоубијци во војната против Украина.

Методите што ги користи Москва се споредуваат со тактиките на терористичките организации како Ал Каеда и Исламската држава.

Експлозија на денот на вљубените

Во Миколаев, на 14 февруари, средовечна жена ја оставила чантата до група украински војници пред кафуле. Неколку секунди подоцна, руските агенти од далечина активирале бомба скриена во торбата, при што загинале жената и тројца војници, пишува Индекс.хр.

Руските медиуми, вклучително и „Известија“, веднаш започнаа пропагандна приказна за „мајка одмаздољубива“ чиј син наводно бил убиен во војната, а наводната цел биле воени регрутери. Украинските власти тоа го демантираа, наведувајќи дека загинатите војници биле припадници на инженерски единици за деминирање.

Друг случај познат во јавноста е кога, 42-годишна мајка од регионот Полтава, го оставила своето новороденче во блискиот хостел се со цел да изврши напад. Таа била регрутирана преку апликацијата Телеграм, под изговор дека префрлила голема сума пари. Бомбата ја направила група тинејџери, исто така од регионот Полтава, кои работеле по инструкции на руски оперативци. Експлозивната направа и била предадена на жената, а агентите од далечина ја активирале кога таа стигнала до целта.

Кампањи за агитирање на руски мрежи низ Европа

Во Обединетото Кралство, руските канали на социјалната мрежа на Телеграм повикуваа на напади врз џамии и шират расистички пораки, со ветувања за исплата во криптовалути. Британските власти сериозно ги сфатија заканите па шефот на МИ5, Кен МекКалум, во октомври 2024 година предупреди дека ГРУ(руска разузнавачка служба) се обидува да предизвика „траен хаос на улиците на Европа“.

Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, имало најмалку 59 евидентирани операции на руската разузнавачка мрежа во Европа, вклучувајќи обиди за атентат, саботажа, палење и сајбер напади. Чешките власти пријавиле до 500 вакви случаи само во 2024 година.

Зад бројните напади стои „единицата 29155“, елитна единица во рамките на ГРУ, одговорна за труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија во 2018 година и повеќе саботажи во магацини за оружје низ Европа. Од 2023 година, таа работи во рамките на нов ентитет, одделот за специјални задачи, именуван по поранешната единица на КГБ специјализирана за политички убиства.

„Целта е да се дестабилизира Западот“

Овие напади се дизајнирани да бидат под прагот на она што се смета за војна, но тие се целосно дел од руската стратегија“, рече Алекс Финли, поранешен агент на ЦИА и автор на активните мерки на Русија.

„Нивната цел е да го дестабилизираат Западот одвнатре и да ја намалат неговата подготвеност да и помогне на Украина“, додаде Финли.

Децата и ранливите групи како алатки на руската разузнавачка служба

„Најмалку една петтина од сите такви инциденти вклучуваат деца“, рече Љубов Цибулска, украински експерт за руска хибридна војна, за списанието „Њу лајнс“.

“Речиси сите деца во Украина користат Телеграм, а многу од нив живеат во сиромаштија или во нефункционални услови. Таквите околности се цел на руски агенти. Не им е важно, тие ги користат најранливите: жени, деца, зависници од дроги. Тоа е застрашувачки ефикасна и крајно цинична тактика”, рече Цибулска.

Украинските власти започнаа национална кампања во училиштата, барајќи од децата да пријават каква било сомнителна комуникација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот