Избувна пожар во нелегален дом за стари луѓе во Шри Ланка, загинаа 12 луѓе
Дванаесет жртви загинаа утринава во пожар кој избувна во нелегален старски дом во Шри Ланка, а осум други се повредени, објави „Асошијетед прес“.
Препорачано
Пожарот избувнал во текот на ноќта во домот кој се наоѓа во градот Ангуруватота.
Полицијата соопшти дека се спасени 51 човек, а во објектот биле сместени и старци со ментални нарушувања.
Директорот на домот е уапсен под сомнение за предизвикување смрт од небрежност и е задржан во притвор една недела додека трае истрагата.
Преживеаните биле евакуирани и однесени на безбедна локација со помош на полицијата и на војската.
Директорот на Националниот секретаријат за стари лица, Чатура Михудум, изјави дека објектот не бил регистриран како дом за стари лица и дека претходно бил предупреден да ги почитува законите и стандардите.
Тој додаде дека објектот бил пренатрупан, со капацитет за околу 15 луѓе, а во него живееле 71 жител.
Државни службеници претходно ја посетиле институцијата и ѝ наложиле на управата да ги почитува прописите, без да наведе дополнителни детали.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
48мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


