Столе Димитриевски/Valencia C.F

Димитриевски: Уживам да ги бранам боите на Валенсија, ова е еден од најголемите клубови во Шпанија

Македонскиот голман Столе Димитриевски денеска го продолжи договорот со Валенсија до 2028 година, а веднаш потоа даде и интервју за клупскиот сајт.

Димитриевски не го криеше задоволството од продолжувањето на соработката.

„Многу сум среќен и горд што можам да објавам дека го продолжив договорот со Валенсија за уште две години. Немав никакви дилеми околу тоа. Отсекогаш сакав да останам тука и бев целосно фокусиран на тоа, бидејќи сум навистина среќен во клубот и со сè што претставува Валенсија.Секогаш се трудам да го дадам најдоброто од себе. Свесен сум колку е голема Валенсија, какви луѓе има и што значи овој клуб. Кога дојдов во Шпанија, секогаш велев дека сакам да бранам за голем клуб, а Валенсија е еден од најголемите. Пресреќен сум што останувам и понатаму. Уживам секој ден на тренинзите, на натпреварите и во одбраната на овие бои.“

Во финишот македонскиот голман бранеше во одлична форма, па поради тоа и малку жали што дојде крај на сезоната.

„Жал ми е што првенството заврши бидејќи се чувствував добро и бев во одлична форма. Не ги остваривме целите што ги посакувавме, но пред нас е нова сезона во која мора да бидеме посилни и подобро подготвени за да ги исполниме нашите амбиции.“

Зборуваше Димитриевски и за репрезентацијата на Македонија.

„Многу е тешко да се избори пласман на Светско првенство преку европските квалификации. Мора да се биде прв во групата, а и баражот е исклучително тежок. Најважно е да се стане по секој неуспех и да се продолжи понатаму. Верувам дека пред мене има уште едно или две Светски првенства и ќе се обидам со сите сили да стигнам до таму. Како и со Валенсија, така и со Македонија, мора постојано да напредуваме и да се стремиме кон поголеми цели.“

ВИДЕО | Петте најдобри одбрани на Димитриевски оваа сезона – затоа Валенсија сака да го задржи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот