Столе Димитриевски/Valencia C.F

ВИДЕО | Петте најдобри одбрани на Димитриевски оваа сезона – затоа Валенсија сака да го задржи

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски зад себе има одлична сезона во дресот на Валенсија која според последните информации од Шпанија и му го продолжила договорот до 2028 година.

Димитриевски сезоната ја почна како резерва, но по повредата на Јулен Агирезабала доби минутажа која ја искористи на најдобар можен начин. Во финишот од сезоната македонскиот чувар на мрежата беше еден од хероите на тимот кој од долниот дел на табелата по катастрофалниот почеток успеа да се искачи до деветтата позиција.

Сезоната Димитриевски ја заврши со вкупно 52 одбрани, а некои од нив беа навистина и спектакуларни, па така Валенсија на социјалните мрежи ги издвои најдобрите пет. По ваквите настапи за очекување е Димитриевски да остане прва „единица“ на клубот од „Местаља“ и за наредната сезона.

Валенсија му верува на Димитриевски, македонскиот голман добива нов договор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот