Валенсија му верува на Димитриевски, македонскиот голман добива нов договор
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе остане дел од Валенсија најмалку до летото 2028 година, откако шпанскиот клуб ја активирал клаузулата за автоматско продолжување на неговиот договор за уште две сезони, пренесуваат шпанските медиуми.
Препорачано
Со ваквиот потег, Валенсија ја потврдува довербата во искусниот чувар на мрежата, кој во текот на сезоната се наметна како едно од најсигурните решенија во тимот. Клубот ќе треба да го исплати предвидениот бонус од претходниот договор, а со тоа и официјално ќе ја обезбеди неговата иднина на „Местаља“.
Според информациите, не биле водени нови преговори меѓу двете страни, бидејќи раководството на клубот ја искористило можноста за еднострано продолжување на соработката. Одлуката била поддржана од тренерот Карлос Корберан и спортскиот сектор, кои го сметаат Димитриевски за важен дел од проектот на Валенсија.
Македонецот пристигна во клубот во 2024 година, а оваа сезона долго време ја имаше улогата на резерва. Сепак, по повредата на првиот голман Јулен Агирезабала, Димитриевски доби шанса која максимално ја искористи, прикажувајќи низа сигурни настапи меѓу стативите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
11мин
-
25мин
-
28мин
-
30мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


