фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Филип Маџунков е нов одбојкар на белгискиот Леувен

Белгискиот одбојкарски клуб Леувен ја информираше јавноста дена нов играч на екипата е македонскиот репрезентативец Филип Маџунков.

Од клубот воедно известуваат дека Маџунков веќе малку ја знае Белгија по настапите со националната селекција во Европската златна лига оваа година.

Нашиот среден блокер ја започна својата професионална кариера во одбојкарскиот клуб Струмица Ников во 2011 година, а исто така настапуваше во неколку земји од 2017 година.

Минатата натпреварувачка сезона заедно со Белгиецот Стефан Каибалд ја освоија вицешампионска титула во АВстирја со СК Задруга Аич/Доб.

Пред клупските обврски Маџунков со македонската репрезентација ќе игра на Европското првенство 2023. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски моментно тренираат во салата „Јасмин“ во Кавадарци каде ќе имаат контролни мечеви против Израел и Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот