ФФМ, Сејдини: Сè уште веруваме, ова е вистинското лице на оваа генерација

Македонската А репрезентација на три бода од бараж за Светско/Фото: ФФМ

Најдобрата македонска репрезентација го слави големиот триумф во Ереван против Ерменија со резултат 0:5 во претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Одличниот ден беше комплетиран после убавата вест од Букурешт каде Исланд ни направи „услуга“ да не загуби од Романија и така на едно коло до крајот на квалификациите бидеме во „пол-позиција“ за обезбедување на мундијалскиот бараж.

На 14 ноември со почеток од 18.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје против Исланд бркаме триумф со кој сигурно ќе го освоиме второто место во квалификациската група „Ј“.

Радоста за победата над Ерменците ја сподели и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.

– Храбро, борбено и напаѓачки фудбал, без разлика каде и против кого! Ова е вистинското лице на оваа генерација на македонската фудбалскa репрезентација. Сè уште веруваме! Напред Македонија – напиша Сејдини на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот