Ферстапен најдобар на 70 роденден на Формула 1 (ВИДЕО)

фото: твитер/F1

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше најдобар на Големата награда на Велика Британија, петта трка оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Младиот Холанѓанецот на „Силверстон“ ја прекина низата од четири победи на возачите на Мерцедес од почетокот на сезоната, а воедно дојде до деветтиот триумф во кариерата.

Второто место го освои Луис Хамилтон од Мерцедес, а неговиот тимски колега Валтери Ботас заврши на третата позиција. Бодови освоија и возачите пласирани од 4-10. место: Леклер, Албон, Строл, Хулкенберг, Окон, Норис и Квајт.

Британецот благодарение на тој пласман го израмни рекордот на Михаел Шумахер по бројот на подиуми, откако сега двајцата имаат по 155.

Ред Бул на легендарната патека, која пред 70 години беше домаќин на првата трка во историјата, што е и прославено овој викенд, целосно тактички го надмудри Мерцедес.

Во генералниот пласман и натаму убедливо води Хамилтон со 107 бодови, 30 повеќе од Ферстапен, а на третата позиција е Ботас (73). Кај конструкторите лидер е Мерцедес со 180 бодови, пред Ред Бул Рејсинг-Хонда (113), а трет е Мекларен-Рено (53).

Сезоната продолжува веќе наредниот викенд со ГН Шпанија на патеката „Каталуња“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот