Ферстапен му ја „украде“ пол позицијата на Хамилтон во последниот круг

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен не ги почитуваше жолтите знамиња во квалификациите во Лусаил/ фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на САД која ќе се вози на патеката во Остин.

Холанѓанецот до најдоброто време во квалификациите дојде во последниот круг кој го извозе за 1:32.910 минути и беше за 0.209 секунди побрз од најголемиот конкурент за титулата, Луис Хамилтон од Мерцедес.

Од третата позиција ќе стартува вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, додека четврто најбрзо време имаше Валтери Ботас од Мерцедес но поради замена на моторот ќе стартува од деветтата позиција.

Веднаш зад Перес ќе се најдат возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс, а потоа следи и двоецот на Мекларен, Даниел Рикиардо и Ландо Норис. Место меѓу најдобрите десет во квалификациите обезбедија уште Пјер Гасли и Јуки Цунода од Алфа Таури.

Видео на денот