Ферстапен ќе статува од пол позицијата на првата трка во Ф1 сезонава
Откако беше најбрз на сите три слободни тренинзи, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше најдобар и во квалификациите за трката за Големата награда на Бахреин и утре ќе стартува од пол позицијата.
Ферстапен во третата сезона имаше најдобро време од 1:28.997 минути уште еднаш потврди дека е главен фаворит за триумф на првата трка во новата сезона.
Второто најбрзо време го има актуелниот шампион, Луис Хамилтон од Мерцедес кој задоцни 0.388 стотинки.
Од вториот ред ќе стартуваат вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас и Шарл Леклер од Ферари, додека петтото најбрзо време го имаше Пјер Гасли од Алфа таури.
– Имавме одлична недела, но нема никакви гаранции за утрешната трка. Доколку болидот функционира како што треба, уживање е да се управува. Среќен сум поради пол позицијата – изјави Ферстапен.
Препорачано
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
43мин
-
48мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


