Ферстапен ја освои „Сузука“ и ја одбрани титулата светски шампион во Формула 1

Втора Ф1 титула по ред за Макс Ферстапен („Ред Бул“)/Сузука, Јапонија/9 октомври 2022/фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Холанѓанецот Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Јапонија, возена во дождлив ден на патеката „Сузука“, која по некои дискутабилни одлуки на управата на трката и математички му ја донесе титулата светски шампион во Формула 1.

Ова беше 12 победа за него сезонава, 32 во кариерата, втора титула по ред, а до крајот на шампионатот остануват уште четири трки во САД, Мексико, Бразил и Обединетите Арапски Емирати.

Поради неповолните временски услови, трката беше одложена, со извозени 40 круга, а оттаму се чинеше дека нема да има ниту целосно бодовно салдо за најдобрите. Но, тоа правило важи само за трки кои не можат да се завршат, што автоматски му ја додели титулата светски шампион на Ферстапен.

Серхио Перес на целта стигна како втор, а Шарл Леклер трет, иако пилотот на Ферари имаше подобра позиција од конкурентите од Ред Бул, но, поради недозволено влегување во шиканата беше казнет со пет секунди и го загуби своето место.

Во генералниот пласман Ферстапен има 113 поени повеќе од второпласораните Перес, а бидејќи на преостанатите четири трки има 112 поени, јасно е дека никој не може да му се закани на лидерската позиција.

Рекордери по бројот на титули се Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по седум.

ВИДЕО | Катастрофа во Формула 1: Возачот Гасли можеше да загине поради трактор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот