ВИДЕО | Катастрофа во Формула 1: Возачот Гасли можеше да загине поради трактор

Лоши услови за Ф1 трка на патеката Сузука/Јапонија/9 октомври 2022/фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Пјер Гасли не можеше да верува што се случува на патеката за време на Формула 1 трката во Јапонија. Невидени сцени во „најбрзиот циркус на светот“, трактор се појави на сред трка на патеката Сузука.

Францускиот возач на „Алфа Таури“ Гасли имаше што да му каже прво на својот тим, а потоа и на првите луѓе на Ф1, кои повторно направија огромна грешка.

Веќе еднаш го направија тоа, на тоа потсети возачот кога разговараше со членовите на тимот. Пред осум години животот го загуби Французинот Жил Бјанки удирајќи во трактор токму во Јапонија.

Условите за трката не беа добри, пороен дожд и слаба видливост. На самиот почеток на трката се случија неколку инциденти, па организаторите решија да ја прекинат трката. Тие не сакаа да ризикуваат, но трактор се појави додека возачите и натаму беа на патеката, Гасли беше меѓу последните кои стигнаа до својот „бокс“, а поради слабата видливост за малку ќе удреше во тракторот.

– Зошто тракторот е на патеката? Можев да умрам! Едвај го одминав. Зарем никој не се сеќава што се случи минатиот пат – беа зборовите на лутиот Гасли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот