Феникс-Кик и ТК Бутел освоија медали на меѓународниот таеквондо турнир во Ниш

фото: Таеквондо клуб Бутел

Македонскиот таеквондо клуб Феникс-Кик учествуваше на силниот меѓународен натпревар во Ниш, Србија, „Феникс Опен“. На овој турнир имаше околу 500 натпреварувачи од шест земји.

Феникс-Кик во својот прв натпревар оваа сезона настапи со вкупно 13 таеквондисти и успеа да освои 11 медали. Со злато во своите категории се закитија Стефан Димовски, Димитриј Василевски, Калин Трпковски, Дамјан Вадилевски, Даријан Симоновски и Илина Гулабовска.

Потоа, сребрени медали имаат Мартина Наумовска и Михаела Канзурова, додека бронза Горјан Јанкуловски, Антонио Негријовски и Ева Гулабовска.

Под водство на тренерот Иван Крстевски одлични резултати имаат и членовите на Таеквондо клубот „Бутел“ кои се враќаат од Ниш со два златни, еден сребрен и осум бронзени медали.

Ведрана Тунески освои злато со три победи од кои две со прекин (технички нокаут). Воедно беше прогласена за најдобар пионер на меѓународниот турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот