Фејсбук бележи добивка во услови на корона кризата – расте и бројот на нови корисници

Во моментов, водечката светска социјална мрежа брои 2,6 милијарди корисници.

Компанијата на Марк Цукерберг во време на пандемијата од корона вирусот, кога голем дел од светската популација се соочува со мерки поради кои најголем дел од времето го поминува дома, на социјалните мрежи, објави огромен раст на приходот но и раст на бројот на корисници на оваа социјална платформа за првиот квартал од годината.

Сепак компанијата предупреди дека поради моменталната криза регистриран е пад на приходите кои се влеваат врз основа на рекламирање.

Во првиот квартал од 2020 година приходите на оваа компанија пораснале за 18 проценти на 17,7 милијарди американски долари, по речиси идентичен процентен скок на приходите од рекламирање, на 17,4 милијарди долари.

Нето добивката двојно се зголеми на 4,9 милијарди американски долари. Бројот на корисници е зголемен за 100 милиони, двојно повеќе од вообичаеното. Во моментов, водечката светска социјална мрежа брои 2,6 милијарди корисници.

Сепак, тие предупредуваат дека како резултат на пандемијата водена од економска активност, очекуваат бавен раст на приходите од рекламирање во наредните месеци, укажувајќи на нивниот остар пад во март.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот