Пазарење во маркет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мицкоски: Маркетите што ги зголемиле маржите ќе бидат повикани на состанок со Владата

Маркетите кои ја зголемиле бруто-маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок со Владата, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека таквата практика нема да биде толерирана. Одговарајќи на новинарско прашање за текот на разговорите со трговските синџири и можноста за намалување на цените на основните прехранбени производи, Мицкоски рече дека веќе се забележани случаи на зголемување на бруто-маржата за 2 до 5 проценти во споредба со истиот период лани.

-Ако лани во јуни бруто-маржата била 10 проценти, а сега е 12 или 15 проценти, тоа е зголемување од дополнителни 2 до 5 проценти и тоа нема да го толерираме. До тие маркети ќе биде испратена многу јасна порака- изјави премиерот.

Според него, доколку тие дополнителни маржи се намалат, Македонија би можела да има една од најниските стапки на инфлација во Европа. Мицкоски очекува и значително забавување на инфлацијата во јуни во споредба со април и мај, а најави дека за околу една недела ќе бидат објавени официјалните параметри врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат.

Тој информираше и дека Владата паралелно работи на анализа на група од 600 до 700 производи, при што се разгледуваат сите фактори што влијаат врз конечната цена – од производителите и дистрибутерите до трговските синџири.

-Анализата е посложена бидејќи се следат сите влезни и излезни фактори. Лично работам на овој процес, па затоа ќе биде потребно уште малку време за да се заврши – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот