Федерер нема избор, мора да игра на земја

EPA-EFE/NIC BOTHMA

По откажувањето на настапот на турнирот во Дубаи, Рожер Федерер ќе ги менува плановите за оваа сезона.

Рожер Федерер по пауза од 13 месеци се врати на тениските терени на турнирот во Доха, но загуби уште во вториот меч и тоа од Николоз Басилашвили.
Иако имаше намера да настапи на турнирот во Дубаи кој започнува во недела, Швајцарецот го откажа настапот бидејќи чувствува дека не е подготвен за настап.
Тој наредните неколку недели ќе продолжи со тренинзите и притоа реши сите карти за оваа сезона да ги стави на Вимблдон.
Изненадувајќи, Федерер најави дека ќе игра и на неколку турнири на земја за да има што повеќе мечеви во своите нозе до крајот на јуни кога започнува Вимбдон.
– Тоа што претходи на сезоната на трева е сезона на турнири на земја. Немам друг избор освен да играм на земја. Така мора да биде доколку сакам да играм годинава. Земјените терени за мене може да бидат и добри и лоши. Мислам дека играњето на најспората подлога нема да биде лошо за мене. Секако дека ќе играм малку и на земја – порача Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот