Федерер, Надал и Серена ќе играат за жртвите од пожарите

твитер

Егзибицискиот дуел од кој сиот приход ќе биде наменет за жртвите и погодените од големите пожари во Австралија ќе се одржи на 15 јануари на „Род Лејвер“ Арената.

Роже Федерер, Рафаел Надал и Серена Вилијамс ги предводат тенисерите кои ќе настапат на егзибициски дуел кој ќе се игра во Мелбурн. Сиот приход кој ќе биде соберен ќе се донира за жртвите и најтешко погодените од големите пожари кои беснеат во Австралија.

Покрај тројката, на теренот ќе се најдат уште и Ник Кирјос, Стефанос Циципас, Наоми Осака и Каролина Вознијацки.

Пожарите во Австралија беснеат уште од септември минатата година, а досега во нив животот го загубија 25 луѓе. Убиени се околу 500 милиони животни, а уништени се околу 6.000 домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот