Федерер е најпопуларен, но Ѓоковиќ ќе биде најдобар тенисер на сите времиња

фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

Поранешниот британски тенисер, Тим Хенман смета дека Новак Ѓоковиќ има историска шанса да триумфира на УС Опен и така да го комплетира календарскиот грен слем.
Хенман во анализата за Амазон Прајм пред УС Опен ги спореди Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер и нивното влијание и тоа колку му значат на тенисот.

– Имате две различни приказни. Кога се зборува за тоа кој е најдобриот тенисер во историјата тука доаѓаме до бројките и Ѓоковиќ ќе ја добие таа трка. Но, доколку се зборува за влијанието и популарноста тогаш тоа е едносмерна улица и нема сомнежи дека Федерер е најпопуларниот тенисер кој некогаш го играл овој спорт – смета Хенман.

Британецот смета дека УС Опен кој започнува в понеделник ќе биде историски за Новак Ѓоковиќ.
– Доколку Новак дојде до 21. грен слем титула, ќе мора да кажете дека тој води во дебатата за тоа кој е најдобриот на сите времиња, а на тоа ќе мора да го додадете и календарскиот грен слем со што ќе го издигне на едно ново ниво. Тогаш Новак би бил најдобар тенисер на сите времиња, и токму тоа  покажува колкав е влогот за него на УС Опен и што ќе му донесе триумфот во Њујорк.

Хенман исто така нема дилеми дека големата тројка полека ја губи силата, Федерер и Надал поради повреди не играат и почнаа да паѓаат на ранг листата, но Ѓоковиќ засега одлично се држи во борбата со младата генерација на тенисери.

– Таа тројка надмина се во овој спорт. Турнирот во Њујорк нема да биде турнир накој Ѓоковиќ ќе игра против сите, туку Новак ќе игра против сите и историјата. Тоа што ги освои првите три грен слем турнири оваа година е неверојатно. Проблемот кој го имаше минатата година кога беше дисквалификуван на УС Опен како и поразот во Токио мислам дека сега ќе му помогнат. Ќе биде пофокусиран и чувствувам дека и среќата ќе го послужи. Ќе биде неверојатно да се победи Новак во три сета. Одлично е за тенисот што некој како него има можност да УС Опен да испише историја – додава Хенман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот