Фантастичен рецепт за ослич со кромид и мајонез: Посно, вкусно и евтино

Фото: Профимедиа

Почна сезоната на слави и доколку не сте размислувале што можете да послужите на празничната трпеза, ви предлагаме еден вкусен и евтин рецепт, кој не одзема време. Овој рецепт е одличен ако немате време и сакате нешто вкусно, и ако вашата слава е посна. Се подготвува на малку поинаков начин, бидејќи рибата (осличот) се премачкува со посен мајонез.

Состојки:

– 1 ослич
– 1 главица кромид
– 1 лимон
– 2 лажици посен мајонез

Подготовка:

Добро исчистете ја рибата или купете исчистена.

Мајонезот зачинете го со сол и бибер и добро втријте го во рибата, внатре и надвор, а внатре наполнете ја со сечкан лимон.

На алуминиумска фолија наредете го крупно исечканиот кромид, а одозгора ставете го осличот и завиткајте го во облик на чамец.

Ставете го во сад за печење и печете го во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 20-30 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот