Фантастатичен старт на сезоната во Формула 1 со победа на Леклер и Ферари, катастрофа за Ферстапен и Ред Бул

Шарл Леклер со победа ја започна новата сезона во Ф1/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Новата сезона во Формула 1 шампионатот започна со спектакуларна трка за Големата награда на Бахреин на која победи Шарл Леклер и најави големо враќање на Ферари во трката за титулите, додека сезоната катастрофално започна за актуелниот шампион Макс Ферстапен.

Леклер водеше речиси цело време од почетокот до крајот на трката и така му донесе победа на славниот италијански тим по речиси три години.

Трката во Бахреин покажа дека Ферари има еден од најбрзите болиди во новата ера на Формула 1, а исто така заврши одлична работа и со дизајнот на болидот.Доминацијата на Ферари ја потврди Карлос Саинс со освојување на второто место.

На три круга до крајот на трката, второто место го држеше актуелниот шампион Макс Верстапен, кој од првиот круг постојано „му дишеше во врат“ на Леклер, но во 55 круг, доживеа вистинска катастрофа бидејќи се соочи со проблеми на болидот и мораше да се откаже.

Комплетната катастрофа на Ред Бул беше комплетирана во последниот круг, во кој едноставно згасна болидот на Серхио Перез, кој тогаш беше третопласиран.

Благодарение на откажувањата на возачите на Ред Бул, третото место му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес кој засега не е конкурентен на Ферари и Ред Бул.

Веднаш зад него заврши неговиот нов клупски колега Џорџ Расел, а во топ 10 се пласираа и Кевин Магнусен, Валтери Ботас, Јуки Цунода, Фернандо Алонсо и Гуању Жоу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот