Фановите загрижени се прашувааат што и се случило на Кејт Мос (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Изгледот на поранешниот супермодел Кејт Мос уплаши многумина…

Таа некогаш важеше за една од најзгодните манекенки со необична убавина, а денес, како што велат, нема ниту сенка од таа жена.

Кејт Мос е фотографирана во Лос Анџелес, а токму овие фотографии предизвикаа вистинска лавина од коментари. На нив поранешната манекенка изгледа непрепознатливо.

Фото: Профимедиа

Неуредна коса и уморно и испиено лице, нешто на што не се навикнати. Фановите се загрижени и се прашуваат што и се случило.

„На нејзиното лице се гледа дека е несреќна“, коментираше еден фан.

Фото: Профимедиа

„Дали нешто навистина ја мачи или имала само лош ден, не знаеме, но дефинитивно изгледа многу лошо“, гласи друг коментар.

Манекенката често имаше проблем со алкохолот и наркотиците, но во последно време често објавуваше дека сега живее сосема поинаков живот и дека подолго време е „чиста“.

Фото: Профимедиа

Нејзината убавина е вонвременска, па така како и сите луѓе во светот можеби и таа имала само лош ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот