ЕВН донира 210 илјади евра за справување со кризата

Компанијата пред шест месеци на Министерството за здравство му донирала медицинска опрема и прочистувачи на воздух во вредност од 60 илјади евра.

„ЕВН Македонија” одвои 200.000 евра кои се наменети за Министерството за здравство, средства кои ќе се користат за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем за справување со Ковид 19. Дополнителни 10 илјади евра се донираат за приклучок за електрична енергија за мобилната болница, во рамки на Клиничкиот центар во Скопје.

– Во услови на глобална здравствена криза решивме да ја зајакнеме редовната поддршка, со дополнителна донација за македонскиот здравствен систем. Во овие вонредни услови потребна е заедничка координирана акција за што полесно справување со здравствените, но и со економските последици кои ги предизвикува ширењето на вирусот Ковид-19, се вели во соопштението на ЕВН Македонија.

Компанијата потсети и дека пред шест месеци на Министерството за здравство веќе му донирала прочистувачи на воздух со капацитет од 2.500 кубни метри на час, хепа филтри и респираторни машини за високофреквентна механичка вентилација за новороденчиња, во вкупна вредност од 60.000 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот