Евгениј Поп Ацев победник на малиот пливачки маратон „Илинденски куп“

фото: facebook.com/kirilpecakov

Истакнатиот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев од ПК „Вардар 2018“, победи на 44 издание на малиот пливачки маратон „Илинденски куп“, што се одржа денеска на Охридското Езеро во организација на клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ – Охрид.

Тој на патеката во должина од 2,5 километри од Горица до Охрид, триумфираше во фото финиш со време 29:02:71 минути, пред неговиот клупски колега Никола Ѓуретановиќ (29:02:98). Третото место во машка конкуренција го освои Кристијан Стојановски со време 29:23:46.

Кај жените најбрза беше шеснаесетгодишната Ивана Неделковска од ПК Скопје, со време 31:33:80 минути, пред Јована Неделковска од ПК Скопје (33:07:11) и Росана Гошева од ПК Скопје (37:59:32).

Во конкуренцијата на пливачи од генерацијата 2008 и помлади, доминација на пливачките клубови од Скопjе.

Резултати мажи 2008 и помлади
1.Петар Цеков – Вардар 2018 Скопје 29:40:65м.
2.Никола Велковски Вардар 2018 Скопје 33:20:14м.
3.Давид Неделкоски Вардар 2018 Скопје 34:17:76

Резултати жени 2008 и помлади
1.Сара Јанковиќ – ПК Скопје 32:42:39
2.Емилија Велкова – ПК Нептун Скопје 35:30:71
3.Неда Миленкоска МК Младост 35:44:93

Малиот маратон на кој учество зедоа 50 пливачи од земјава и странство се одржа под покровителство на Советот на Општина Охрид, со поддршка на компанијата „Костал Македонија“ и други помагатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот