Еве колку жените по породувањето би требало да чекаат пред повторно да водат љубов

Сексуалниот живот по доаѓањето на детето е тема на многубројни расправи, а за тоа јавно проговорија и некои славни личности, како актерката Еве Амури Мартино, но и многу други.

Сепак, многу новопечени родители се уште не се сигурни колку треба да почекаат за повторно да се вратат во акција. На тоа прашање одговори гинекологот Сара Свифт.

Во разговорот за магазинот Пипл објасни колку време би требало да помине меѓу пораѓањето и повторното впуштање во половите односи.

„Општото правило е шест недели или додека вашиот гинеколог не ве прегледа по породувањето“, објасни таа и додаде дека истото правило важи и за вагиналното породување и за породувањето со царски рез.

Нормално, за толку долгото чекање постои и причина.

„Местото каде се наоѓала вашата постелка на почетокот е како една голема рана, што може да биде одлично место за развој на инфекции. Дополнително во комбинација со проширеното грло на матката, тоа е совршена подлога за инфекции“, вели Свифт.

Сепак, нагласува дека дури и ако веќе сте ги прошле тие препорачани шест недели, со љубовниот живот не треба да брзате.

„Потребно ви е време за закрепнување, а и доењето го намалува естрогенот, поради што би можеле да имате и проблем со сува вагина, што често не е воопшто пријатно“, објасни таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот