Еве кое овошје треба да пробате да го јадете пред вежбање

Profimedia
Фото: Профимедиа

Без оглед на вашиот избор за секојдневни вежби, без разлика дали станува збор за пешачење, трчање или обични гимнастички вежби по дома, вежбањето може да ве исцрпи, особено ако не сте расположени да го правите тоа.

unsplash

Но, токму затоа треба да „осигурите“ енергија пред да започнете да се „потите“. Една особено здрава овошна закусна што може да ви помогне се бананите!

Средна банана е богата со хранливи состојки, обезбедува 24 грама јаглени хидрати, од кои 14 грама шеќер и природни влакна“, изјави нутриционистката Кели Џонс.

unsplash

Природните влакна во бананите, заедно со протеини, го чуваат остатокот од јаглени хидрати да не се апсорбираат премногу брзо. Но не само тоа, тие се богати со јаглени хидрати и калиум, што ќе ве подготви за успешен тренинг.

Еве зошто е важно да јадете правилно пред да вежбате

Што и да јадете пред вежбање, било тоа да е банана или тост, тоа ќе делува како стимулатор. Тоа ќе ја подобри вашата ефикасност и ќе ги мобилизира маснотиите… Покрај многубројните витамини и минерали, и бананите се одлични засилувачи на варењето на храната. Тоа ќе ви помогне да започнете со тренингот“,  вели нутриционистката д-р Ању Суд.

unsplash

Не обожавате банани? Исто така може да јадете овес или цели зрна. Целите житарки се сложени јаглехидрати кои обезбедуваат многу енергија.

Јаглехидратите побавно се ослободуваат во крвотокот, така што нема да имате „скок“ на шеќерот во крвта и да се „срушите“. Јогуртот во комнинација со овошје е исто така здрава опција која ќе ви даде доволно енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот