Евакуираната трета група македонски државјани од Блискиот Исток слета во Приштина
Синоќа на Меѓународниот аеродром во Приштина пристигна третиот организиран лет со патници кои беа евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин.
Препорачано
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски претходно соопшти дека патниците со организиран превоз биле транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштиле регионот.
-Во авионот имаше 151 патник, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата беше реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, се наведува во објавата на Муцунски на Фејсбук.
Тој додава дека безбедноста на македонските граѓани останува наш највисок приоритет и оти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на располагање на сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
48мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


