Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари

фото: Еурофарм Пелистер

Заврши сезоната во македонската ракометна Суперлига, нов шампион е Еурофарм Пелистер кој во Битола заедно со навивачите ја прослави титулата.

Клубот со завршна манифестација во Голд Фелициа во Битола ја одржа последната активност за сезоната 2022/23.

На свеченоста зборуваа претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директот Димитар Митревски и претставници на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

Вкупно седум ракометари ќе ја напуштат екипата, тие се Усама Хосни, Мохамед Суси, Милорад Кукоски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Себастијан Хенеберг и Мартин Велковски.

Наскоро се очекуваат нови засилувања на кои ќе смета стручниот штаб за следната сезона во која покрај домашните обврски, играчите на Александар Јовиќ ќе бидат активни и во ЕХФ Лигата на шампионите.

ФОТО: Шампионска Битола е комплетно зелена, Еурофарм Пелистер победнички ја заврши сезоната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот