ФОТО: Шампионска Битола е комплетно зелена, Еурофарм Пелистер победнички ја заврши сезоната

фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ја слави шампионската титула, во својот последен натпревар сезонава во македонската ракометна Суперлига пред своите навивачи со 35:26 триумфираше над ГРК Тиквеш.

Гостите од Кавадарци водеа по првото полувреме со 35:26, но битолската екипа предводена од тренерот Александар Јовиќ направија целосен пресврт во вториот дел.

Пред натпреварот навивачите во салата „Боро Чурлевски“ ја поздравија последната генерација со која клубот од Битола беше шампион на Македонија од сезоната 2004/2005.

Воедно пред почетокот на мечот имаше и шампионски „шпалир“ од ГРК Тиквеш за ракометарите на Еурофарм Пелистер.

На денешниот дуел најефикасен во победничките редови беше Ненад Костески со седум голови, Петар Атанасијевиќ имаше шест, а Усама Хосни пет. На спротивната страна Лазар Петровиќ шестпати се запиша во листата на стрелците.

Следната натпреварувачка сезона 2023/2024 Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија во ЕХФ Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот