Блејк Лајвли - Фото: Инстаграм

Етикетата „злобна девојка“ ја чинеше Блејк Лајвли над 40 милиони долари

Актерката Блејк Лајвли ја подигна цената во правната битка со својот колега Џастин Балдони, тврдејќи дека нејзината репутација е сериозно оштетена поради негативните коментари во јавноста. Според новите судски документи до кои дојде „ТМЗ“, ѕвездата на „Озборувачка“ верува дека етикетите како „злобна девојка“ (mean girl) и „насилник“ директно влијаеле на нејзините приходи.

Блејк Лајвли
Фото: Instagram

Лајвли бара вкупна отштета од неверојатни 161 милиони долари од компанијата на Балдони. Оваа сума вклучува 56 милиони долари за изгубена заработка, 49 милиони загуби за нејзиниот бренд за нега на коса и 22 милиони за компанијата за пијалаци „Betty Buzz“.

Актерката ангажирала експерт кој утврдил дека имало над 176 милиони негативни импресии на интернет, што според неа, предизвикало штета на нејзиниот углед во вредност до 40,5 милиони долари.

Блејк Лајвли и Џастин Балдони во филмот „Ова завршува со нас“ / Фото: Sony Pictures / Everett / Profimedia

Додека тимот на Балдони ги отфрла овие бројки како нереални, на социјалните мрежи и на Инстаграм постојано се дебатира за нејзиното однесување за време на снимањето и промоцијата на филмот „Ова ззавршува со нас“. Судскиот процес е закажан за 18 мај во Њујорк, кога двете страни ќе се соочат пред судот за да ги докажат своите тврдења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот