Ердоган и Алиев / Фото EPA-EFE/ROMAN ISMAYILOV

Ердоган: Победата на Азербејџан во Нагорно Карабах води кон траен мир со Ерменија

Победата на Азербејџан во Нагорно Карабах ќе доведе до траен мир со конструктивен став на азербејџанските и ерменските лидери, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека Турција ќе стори сè што е потребно, јави Анадолија.

Анкара ја гледа победата на Баку не како крај, туку како пресвртна точка на патот кон траен мир на Кавказот, рече Ердоган во своето обраќање за време на церемонијата во Баку по повод петгодишнината од Денот на победата на Азербејџан.

Ердоган рече дека победата на Азербејџан во Карабах стави крај на „голема неправда“ и отвори нова ера во регионот, менувајќи го геополитичкиот баланс низ Азија и Европа.

– Секој чекор што го презема азербејџанската армија во Карабах за независност е напишан со златни букви во историјата на турскиот свет, додаде тој.

Ердоган пристигна во Азербејџан за да присуствува на церемонијата во Баку по повод петгодишнината од Денот на победата на Азербејџан.

Денеска се навршуваат пет години од победата на Азербејџан над Ерменија во 2020 година во шестнеделната војна што ја принуди Ерменија да се откаже од контролата врз клучните територии населени со Ерменци во и околу Нагорно Карабах, кои беа под ерменска контрола околу 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот