Ердоган: Европските безбедносни планови мора да ја вклучат Турција
Реџеп Таип Ердоган изјави дека безбедноста на Европа се однесува на цела Европа, а не само на членките на ЕУ, и повтори дека плановите за европска безбедност треба да ја вклучат и Турција. Тој, исто така, побара турските одбранбени индустрии да не бидат исклучени од програмите за набавки на Европската унија.
Препорачано
Турскиот претседател денеска учествуваше на видео-конференција на лидерите на земјите-партнери на Европската унија кои не се членки на Унијата. На видео конференцијата покрај Таип Ердоган присуствуваа и шефовите на институциите на ЕУ и лидерите на Обединетото Кралство, Канада, Норвешка и Исланд.
Cumhurbaşkanımız Recep Tayyip Erdoğan:
“Ukrayna’nın yeniden inşası ve ayağa kaldırılmasını amaçlayan Avrupa Barış Aracı gibi mekanizmalara dahil olmamız mühimdir.” pic.twitter.com/36lmg0vadS
— ErdemIiler (@Erdemlilerr) March 7, 2025
Нагласувајќи дека во заеднички интерес е да се планираат сите чекори поврзани со европската безбедност заедно со Турција, претседателот Ердоган изјави:
„Да не заборавиме дека европската безбедност не е работа на членките на Унијата, туку на сите европски сојузници. Би сакале да го видиме денешниот состанок како манифестација на овој прагматичен пристап, како што беше Самитот чиј домаќин беше Обединетото Кралство на 2 март. Тој, сепак, истакна дека „максималната можна заштита“ на трансатлантските односи е несомнено важна.
Истовремено, тој додаде дека „за нас е важно да учествуваме во механизмите, како што е Европскиот мировен фонд, чија цел е обнова и поддршка на Украина“.
Тој, исто така, тврди дека нема објаснување за исклучувањето на Турција од програмите на Европската унија за одбранбени набавки и реконструкција .
„Нашата одбранбена индустрија е подготвена да придонесе во одбранбениот сектор. Програмата на европската одбранбена индустрија мора да биде отворена за сите европски сојузници“, рече турскиот претседател.
Тој понатаму изјави дека е докажана критичната улога на Турција во европската економска безбедност и одбрана и дека земјата ја задржува целта за полноправно членство во ЕУ, со надеж дека Унијата ќе се врати на пристапните преговори со Турција.
„Ние силно ја одржуваме нашата цел за целосна интеграција. Очекуваме ЕУ да усвои визионерска стратегија и став и да ги ревитализира нашите пристапни преговори“, рече меѓу другото Реџеп Таип Ердоган, тврдејќи дека „во интерес на двете страни е да дејствуваат со долгорочна, стратешка перспектива во односите Турција-ЕУ“.
На крајот, турскиот претседател го повтори својот предлог неговата земја да биде домаќин на можни мировни преговори за ставање крај на војната во Украина.


