Ендру Гарфилд ги шокираше фановите: Одам малку да се одморам, сакам да бидам само обична личност

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Актерот Ендру Гарфилд со својата неодамнешна изјава ги шокираше своите обожаватели. Имено, ѕвездата на „Спајдермен“ најави дека го напушта Холивуд и дека ќе земе пауза од актерството.

„Одам малку да се одморам. Морам повторно да се калибрирам, да преиспитам што сакам да правам следно, кој сакам да бидам и само сакам да бидам обичен човек барем некое време“, изјавил Гарфилд за Variety.

Актерот исто така навести дека претходната сезона на доделувањето на наградите му била малку напорна, нарекувајќи ја „машина за перење алишта“ и додаде дека „некое време мора да биде малку обичен“.


Гарфилд минатата година се појави во блокбастерот „Spider-Man: No Way Home“ и доби номинација за Оскар во 2022 година за „Tick, Tick … Boom!“. Исто така, тој глумеше и во серијата „Under the Banner of Heaven“, чија премиера е закажана за денес. Актерот неодамна изјави дека „не планира да ја повтори улогата на познатиот суперхерој“, и покрај успехот на последното филмско продолжение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)


Неговата следна улога требаше да биде во адаптацијата на БиБиСи „Brideshead Revisited“ со Кејт Бланшет, Ралф Фајнс и Руни Маро во главните улоги, но режисерот на серијата Лука Гвадањино открил дека проектот е одложен.

Неодамна ја прекина врската со манекенката Алиса Милер

Непосредно пред доделувањето на Оскарите, странските медиуми објавија дека тој ја раскинал љубовната врска со манекенката Алиса Милер. Гарфилд минатиот месец дојде сам на Оскарите и на тој начин ги поттикна гласините за раскинување, а парот наводно решил пријателски да се раздели.

„Ендрју и Алиса беа навистина прекрасен пар и работите на почетокот се одвиваа одлично. Тие беа заедно некое време пред да излезат во јавност, но поради напорниот работен распоред ретко се гледаа. Дополнително, стана јасно дека меѓу нив има некои разлики и одлучиле дека е подобро да се разделат, барем засега“, рекол извор близок на парот, додавајќи дека тие се оддалечиле за време на неговото снимање на „Nightcrawler“.

„Работите беа навистина добри меѓу нив додека не мораше да замине во Лос Анџелес за да го сними филмот „Nightcrawler“. Тогаш одалеченоста навистина ги погоди“, додал изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот