Ен Хеч под истрага за возење под дејство на алкохол или дрога

Фото: Профимедиа

Актерката Ен Хеч наводно е под истрага за кривично дело возење под дејство на алкохол или дрога, откако во петокот удрила со својот автомобил во дом во Лос Анџелес, САД.

Откако една жена пријавила дека е повредена и дека ѝ е потребна медицинска помош, полицискиот оддел во Лос Анџелес истрагата ја усмериле во кривична истрага. Овој нов развој на настаните се случи во понеделникот кога полицијата добила наредба да ја се провери крвта од актерката за да види дали таа била под дејство на дрога и/или алкохол во моментот на несреќата.

Полицијата верува дека 53-годишната Хеч била под дејство на некој вид опијат кога со својот автомобил удрила во два различни објекти пред нејзиниот автомобил да се запали, оставајќи ја со тешки изгореници.

„Утрово добивме информација дека наредбата е добиена истиот ден кога се случила сообраќајната несреќа, 5 август. Налогот бил за земање крв, а истрагата е во тек до доаѓањето на резултатите од крвните анализи. Доколку се утврди дека била под дејство на опијати, би можела да биде обвинета за прекршочна пријава за бегство од местото на несреќата под дејство на алкохол. Засега нема апсења“, изјавија од полицијата во Лос Анџелес за „Page Six“.

Лин Мишел, жена чиј дом во Лос Анџелес бил уништен кога Хеч удрила во него и предизвикала пожар, имала „исклучителна среќа што преживеала“, но „го загубила целиот живот“, велат соседите, пренесуваат странските медиуми. Лин била во друг дел од својата куќа кога актерката во петокот удрила со својот автомобил во куќата.

Според очевидци, актерката најпрво удрила во гаражата на блискиот станбен комплекс, но се оддалечила кога станарите сакале да ѝ помогнат. Полициски службеници потврдија и дека таа удрила во друго возило пред да удри во куќата, кое се запалило.

Хече се уште е во критична состојба, а не се знае дали Мишеле е жената која изјавила дека е повредена во оваа тешка несреќа.

Повеќе написи на темата:

По тешката сообраќајка Ен Хеч падна во кома и се бори за живот

 

По тешката сообраќајка Ен Хеч падна во кома и се бори за живот

 

Елен Деџенерис се огласи по тешката несреќа на поранешната партнерка Ен Хеч: Повеќе не сме во контакт

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот