Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа: Огнот го гаселе 59 пожарникари
Холивудската актерка доживеала несреќа кога удрила во куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Автомобилот и куќата се запалиле, а огнот го гаселе 59 пожарникари, пренесоа американските медиуми. Ен Хеч доживеала тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес откако со својот автомобил удрила во куќа, а како што пишува „Hollywood Reporter“, иако ударот бил многу силен актерката моментално е во стабилна состојба.
View this post on Instagram
Хеч веднаш била извлечена од урнатините и пренесен во болница.
View this post on Instagram
Сепак, според последните вести кои излегуваат од Холивуд, актерката е во стабилна состојба, а нејзиниот претставник за медиуми изјави дека нејзиното семејство бара приватност.
View this post on Instagram
„Нејзиното семејство и пријателите бараат да се молите за неа и да ја почитувате нејзината приватност во овој тежок момент“, истакнал претставникот на актерката за медиумите.
View this post on Instagram
Како што е познато, освен актерката никој не е повреден во сообраќајната несреќа, ниту пак е уапсен, а полициските детективи вршат натамошни увиди.