Елен Деџенерис се огласи по тешката несреќа на поранешната партнерка Ен Хеч: Повеќе не сме во контакт

Фото: Профимедиа

Американската водителка Елен Деџенерис за првпат проговори откако нејзината поранешна девојка, актерката Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа поради која во моментот се наоѓа во критична состојба и се бори за живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Debra Palermo (She/Her) (@debrap65)


По несреќата, Елен била видена на излегување со пријателка, а во таа прилика новинарите ја прашале дали, во меѓувреме, се слушнала со Хеч со која беше во врска три години.

„Не се слушам со неа. Повеќе не сме во контакт, па не знам како е“, признала таа.

„Секако дека ѝ посакувам сè најдобро. Не сакам никој да биде повреден“, додала таа.

Љубовта меѓу Деџенерис и Хеч ги полнеше медиумските страници во 90-тите. Дека се во врска, се дозна во 1997 година, а наводно сакале дури и да се венчаат „штом истополовите бракови ќе станат легални во Вермонт“.

Фото: Профимедиа

Сепак, во 2000 година објавија дека се разделуваат, а според некои извори, причината за крајот на нивната врска е тоа што Хеч се вљубила во Колман ‘Коли’ Лафон, снимател со кој подоцна i се омажила.

Лафон поднесе барање за развод на 2 февруари 2007 година, по пет и пол години брак. Хеч, наводно, го оставила својот сопруг поради нејзиниот колега од „Мажи во дрвјата“, Џејмс Тапер. Во декември 2008 година, претставникот на Хеч потврди дека актерката е бремена со нивното прво дете.

Меѓутоа, нивниот брак исто така не траеше и се разведоа во 2018 година.

Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа: Огнот го гаселе 59 пожарникари

Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа: Огнот го гаселе 59 пожарникари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот