Ен Хатавеј искрено за борбата со изгледот на сопственото тело – „Некогаш се гледам во огледало и си велам, на што личи ова?“
Холивудската миленичка Ен Хатавеј (43), која моментално го снима продолжението на култниот филм „Ѓаволот носи Прада 2“, во најновото интервју за магазинот „Харпер Базар“ откри дека и покрај совршениот изглед на црвениот тепих, често се бори со големи несигурности и телесна дисморфија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Знаете како е кога имате еден костим за капење што го чувате само за деновите кога се чувствувате супер, и еден друг што ви е сигурна варијанта без разлика на сè? Епа, јас случајно го спакував погрешниот и тоа токму за ден кога се чувствував ужасно во сопствената кожа“, изјавила Ен.

Таа опиша како во еден момент се погледнала во огледалото и си рекла: „Што е ова?“, но потоа застанала и се освестила.
„Повторно се погледнав и си реков: ’Имаш 43 години‘. И кога навистина го погледнав телото на една 43-годишна жена, сфатив дека изгледа одлично. Сфатив дека грижата треба да ја чуваме само за навистина големите нешта во животот“.
Посреќна во 40-тите отколку во младоста
Иако многумина ја напаѓаат дека нејзиниот младолик изглед се должи на естетски корекции, Ен вели дека нејзината тајна е во промената на животниот стил и престанокот со консумирање алкохол.
„Честопати се претпоставува дека првиот дел од животот е најсреќен, но јас не мислам дека е така. Не очекував дека во 40-тите ќе најдам една сосема нова брзина и ќе се чувствувам поисполнето отколку кога бев помлада“, вели Хатавеј.


