ЕМОТИВНО: Персонал во болница ја пее химната на Ливерпул „You’ll Never Walk Alone“(ВИДЕО)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, призна дека плачел кога го гледал видеото од една болница во Англија во која вработените ја пееја химната на екипата „You’ll Never Walk Alone“.

„- Вчера добив видео од болница од пред одделот за интензивна нега. Кога лекарите и медицинските лица почнаа да пеат „You’ll Never Walk Alone“, веднаш заплакав, открива Клоп.


На видеото се гледа како персоналот полека доаѓа до влезот на одделот за интензивна нега со песната која е химна на навивачите на Ливерпул, Селтик и Борусија Дортмунд, и со кренати раце мавтаа лево-десно. Од другата страна беа докторите и медицинските сестри кои ја прифатија песната и тие го следеа потегот на колегите.

Ова сценарио е договорено во речиси сите болници во Англија и во голем дел низ Европа, на разгласот се пуштта песната „You’ll Never Walk Alone“ како поддршка за лекарите, медицинските сестри и сите кои се грижат за здравјето на болните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот