Емилија Кларк скршила ребро додека снимала експлицитна сцена со тројца мажи: „Им реков – само носете ги…“
Англиската актерка Емилија Кларк откри дека за време на снимањето на жестоки секс-сцени за својата нова телевизиска серија „Пони“ (Ponies) скршила ребро, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ (Game of Thrones) за оваа помалку непријатна незгода зборуваше во ново интервју, во кое се осврна и на проектот чија приказна е сместена во периодот на Студената војна.
„Пони“ е шпионски трилер чие дејство се одвива во седумдесеттите години на минатиот век. Серијата ги следи Беа (Емилија Кларк) и Твила (Хејли Лу Ричардсон), кои ја истражуваат смртта на своите сопрузи, а истовремено работат заедно како оперативки на ЦИА.

Кларк за „Врап“ откри дека се повредила додека снимала сцена со секс со дури тројца различни актери.
„Реков: само носете ги, јас ќе седнам на ова, вие внесувајте ги внатре, а ние ќе се преправаме дека имаме секс. Токму тој ден си скршив ребро“, раскажа актерката.
Нејзината колешка Хејли Лу Ричардсон ја потврди приказната во заедничко интервју, истакнувајќи дека Кларк е со ситна и чувствителна телесна градба.
Изјавата на актерката доаѓа кратко откако таа призна дека доживеала „целосен ментален слом“ по завршувањето на „Игра на тронови“ и дека решила да се дистанцира од жанрот фантазија.
Кларк, која во хит-серијата на Ејч-би-о ја толкуваше улогата на Денерис Таргаријен, зборуваше за крајот на проектот што речиси една деценија бил централен дел од нејзиниот живот.
„Тоа беше првпат во мојата професионална кариера целосно да застанам. Доживеав целосен ментален слом. Како времето на пандемијата да беше совршено погодно“, изјави таа.

Серијата се емитуваше од 2011 до 2019 година, а во неа глумеа и Софи Тарнер, Мејзи Вилијамс и Кит Харингтон.
Во разговор за „Њујорк тајмс“, Кларк истакна дека дури по завршувањето на серијата си дала време да сфати дека може да ја преземе контролата врз сопствените избори и кариерата. Улогата на Денерис ја добила на само 22 години, а тоа ѝ бил трет актерски ангажман.
„Голем дел од мојата кариера не го одразуваше мојот личен вкус, едноставно бев како истрелана од топ“, призна актерката.
Ѕвездата на „Игра на тронови“: Имав две мозочни крварења, па се плашев да не ме отпуштат


