Експертите откриваат: Ова е најдобро време за земање витамини

Фото: Профимедиа

Без разлика какви витамини земате, можеби се прашувате кој е најдобар период од денот за секој од нив.

Иако сите се стремиме кон правилна и урамнотежена исхрана, понекогаш едноставно не успеваме да ги добиеме сите витамини, минерали и хранливи материи само од храната.

Кога диетата не функционира, одредени суплементи можат да ни ги обезбедат виталните хранливи материи што ни недостигаат.

„Витамините можат да помогнат да се пополнат празнините во исхраната. Ако некој е на диета која ограничува или забранува одредена храна, додатоците во исхраната можат да помогнат“, вели диететичарот Кери Ганс.

Без разлика какви витамини земате, можеби се прашувате кое е најдоброто време од денот да го земате секој од нив.

„Најдоброто време за земање витамини зависи од витаминот што го земате. На пример, витамините од групата Б можат да помогнат во производството на енергија, па логично е да ги земате наутро“, вели диететичарот Џим Вајт.

Како општо правило, најдобро време за земање витамини е кога ќе се сетите да ги земете. За некои тоа е наутро со појадок, а за други навечер пред спиење.

Пронајдете најдобро време за земање витамини врз основа на нивниот состав:

Витамини Б, Ц и биотин (витамини растворливи во вода)

„Витамините растворливи во вода може да се земаат во секое време од денот, со или без храна“, вели Вајт.

Витамини А, Д, Е и К (витамини растворливи во масти)

„Витамините растворливи во масти се разликуваат од витамините растворливи во вода, затоа што треба да се консумираат со оброк кој содржи масти за полесно да се разградат“, објаснува Вајт.

Така, иако може да се земаат во секое време од денот, клучно е да ги земате со оброк кој содржи масти.

Мултивитамини

Мултивитамините главно содржат витамини растворливи во масти и витамини растворливи во вода. Најдобро е да се придржувате до правилото за витамини растворливи во масти и да ги земате во кој било период од денот кога можете да јадете оброк што содржи масти.

Што се однесува до земање витамини на празен стомак, не постои посебно правило. Некои луѓе немаат несакани ефекти ако ги земаат на празен стомак, додека други имаат. Треба да се има на ум дека витамините растворливи во вода подобро се поднесуваат на празен стомак, но витамините растворливи во масти и мултивитамините подобро се земаат со храна за да се спречат стомачни проблеми и да се зголеми апсорпцијата на витамини.

Додатоци на железо се препорачува да се земаат на празен стомак поради оптимална апсорпција, според „Клиниката Мејо“. Ако земате калциум, чувајте го одвоено од додатокот на железо за да бидете сигурни дека вашето тело целосно ги апсорбира двете супстанции, пишува „Превенција“ (Prevention).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот