Експерт советува: Еве што треба да прават жените веднаш по интимниот однос
Интимните односи се индивидуална и многуприватна работа. Тоа е чин при кој телото поминува низ бројни промени. Иако секоја од нас има различни желби и потреби, телото на речиси сите жени реагира на многу сличен начин.
Препорачано
Една од овие реакции е потребата за мокрење после секс. Кај некои може да биде многу силно и непосредно, додека кај други жени се појавува по неколку минути. Во никој случај не треба да ја игнорираме оваа потреба, пишува „Задовољна.хр“.
Нашето тело е многу софистицирана машина чија улога е да не заштити што е можно повеќе од потенцијалните опасности кои демнат во нашата околина. Една од овие опасности се крие во бактериите. Имено, за време на сексуалниот однос, телото е изложено на бројни бактерии, кои можат да се „кријат“ на места каде што не ги сакаме.
Невен Капун, д-р, спец. по урологија, објаснува како воспалението на мочниот меур е директно поврзано со сексуалниот однос.
„За време на сексуалниот однос, бактериите се шират низ уретрата кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со мокрењето после секс, ние всушност го „чистиме“, односно го исплакнуваме уринарниот тракт од бактерии“, истакнал Капун.
Токму затоа, доколку почувствувате силна потреба за мокрење после секс, одложете го гушкањето за неколку минути и слушајте го вашето тело.


