ЕХФ: Тренерот не е причина за лошите игри на Вардар!

РК Вардар 1961, двократен европски шампион/Фото: РК Вардар

После пет одиграни кола во Лигата на шампионите, Вардар се наоѓа моментно на четвртото место на табелата во групата „Б“ со шест освоени бодови, колку што имаат и екипите на Веспрем и Монпелје.

Македонскиот, регионален и европскиот шампион ги загуби последните два меча од Кил и Веспрем со голема разлика, што беше причина од Европската ракометна федерација да направат анализа за моменталната ситуација во редовите на „црвено-црните“.

Стручните лица во ЕХФ сметаат дека причина за слабите игри не доаѓаат од тренерот, туку од составот. Имено, Давид Писонеро по само четири меча и еден пораз беше заменет од Едуард Кокшаров, но дуелот со Веспрем во Унгарија покажа дека Вардарци се наоѓаат во натпреварувачка криза.

Од ЕХФ дадоа кратка анализа за играта на Вардар и слабостите во тимот, во истата се вели:

– Иако загубија само еден натпревар и постигнаа само четири голови во едно полувреме против Кил, европскиот шампион почувствува дека е време за промена на тренерското место. Едуард Кокшаров стана прв тренер, додека Писонеро негов помошник, но проблемите на Вардар не доаѓаат од клупата, туку во составот кој го имаат. Иако Вардар тргна со три победи сезонава, потребни се нови засилувања на секоја позиција, после заминувањето на неколку ракометари кои беа важни во освојување на европската титула. Кил и Веспрем заедно му дадоа на Вардар 70 голови, а во првите три кола прими 88 голови. И нападот не функционира, како што посакува клубот. Имаше многу нереализирани удари на Кристопанс, Дибиров и Скупе, па борбата за пласман на завршниот турнир во Келн станува сè потешка за Вардар – анализира ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот