Вардар ќе наоѓа нов тренер, Кокшаров привремено решение!

vardarfans.mk

Досегашниот спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров (кој воедно е и селектор на руската репрезентација) ќе го подготвува тимот за саботниот натпревар од Лигата на шампионите против Веспрем во Унгарија.

Имаше итен состанок после првиот и изненадувачки висок пораз од Кил (20:31) пред полните трибини и фантастичната поддршка од скоро 6.500 навивачки грла на Вардар. На состанокот се донесе одлука Кокшаров да седне на тренерската клупа.

Кокшаров во интервјуто за „Хандбал фаст“ потврди дека ќе биде новиот тренер на македонскиот и европски шампион Вардар, а досегашниот стратег Давид Писонеро ќе ја има улогата на помошник асистент.

– Одработев само два тренинзи досега. Не може многу да се промени во вака краток период, засега треба да го зачуваме ова што го имаме, да не продолжиме во надолна линија. Најбитно е добро да се подготвиме за следниот важен натпревар – рече Кокшаров.

Воедно додаде дека Писонеро имал две опции за решавање на ситуацијата, или да се раздели со клубот, или да ја има улогата на асистент, на крајот тој ја одбрал втората опција. Една од причините за ваквата радикална промена според Кокшаров е стилот на играта кој не е истиот од минатата сезона.

– Зборувавме со првиот човек на клубот, Сергеј Самсоненко. Како што разбрав, промената на тренерот веќе беше предодредена. Дојдовме до заклучок дека е потребно време да се најде вистинскиот кандидат за замена. Во меѓувреме, тој ми предложи да го водам тимот. Ќе ја вршам оваа функција додека клубот не назначи нов тренер. Тоа можеби ќе биде во следните месец-два, можеби ќе бидам до крајот на сезоната. Функцијата спортски директор ми останува во клубот – додаде Кокшаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот