Кокшаров нов тренер на Вардар, Писонеро помошник! – Слободен печат
РакометСпорт

Кокшаров нов тренер на Вардар, Писонеро помошник!

После убедливиот пораз од Кил во Скопје, македонскиот и европски шампион од клупата ќе биде предводен од досегашниот спортски директор.

Вардар стартуваше со три победи во Лигата на шампионите оваа сезона, следуваше спектаклот во СЦ „Јане Сандански“ каде што неочекувано многу високо со 20:31 (четири гола само во првото полувреме) загуби од бундеслигашот Кил.

Тоа како да ја разниша малку атмосферата во „црвено-црните“, но веднаш по тој меч рекоа дека тоа беше еден добар тест да се види до каде е силата на овој Вардар пред продолжението од сезоната.

Давид Писонеро, шпанскиот стратег досега сеуште не можеше да смета на сите играчи, Стоилов и Толедо сеуште не се 100% подготвени за насташ поради повреди.

Донесена е одлука Писонеро во стручниот штаб да продолжи како асистент, а како главен тренер е поставен досегашниот спортски директор, Едуард Кокшаров.

Следниот меч во ЛШ нашиот првак ќе го има в сабота (19 октомври) на гостувањето кај унгарскиот Веспрем на Дејан Манасков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close